Centar.mk
фото скриншот/МВР
ЛОКАЛНО

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Христо Смирненски’ при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина – багер, ангажиран од фирма инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.

МВР соопшти дека од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило ‘дачија сандеро’, сопственост на Е.М.

Жителите велат дека можеби и зградите не се сега безбедни, некои велат и дека вистинско чудо е што нема повредени со оглед на локацијата каде што се случи несреќата.

За страшниот настан се огласи и Општина Центар:

– Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.

Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор, вели Герасимовски.

Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности.

Истовремено, инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните, велат од општината.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да работат на 25 мај

ДЕСК