Centar.mk
ИЛУСТРАЦИЈА/фото/скриншот од видео на МВР од вежба на 18.04.2026
МАКЕДОНИЈА

Наместо дома во куќен притвор, бил затекнат зад волан: Полицијата му го одзеде и возилото

На 24.05.2026 од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од лице(46) од тетовско село, при што е констатирано дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен притвор, а констатирано е и дека не поседува европски документи за управување на странско возило и возилото се наоѓа на територијата на нашата држава подолго од шест месеци.

Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено под сомнение за сторен царински прекршок.

Можеби ќе ве интересира

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК

Паркинг-расправија пред маркет во Карпош завршила со напад со тврд предмет

ДЕСК