Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Сцена како од филм кај Арачиново: Камион со дрва тргнал кон полицајци, испукани предупредувачки куршуми

На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење.

Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух.

Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство. Повредени лица нема, дрвата се предадени на Шумска полиција, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК

Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК