Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ го бара Никола Груевски – до каде се документите за екстрадицијата?

Соопштение на СДСМ:

Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор.

Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија.

Што се случува до документите? Кога ќе бидат испратени?

Повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае:

Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија документите за екстрадиција на Никола Груевски?

Зошто се бега од толку едноставно прашање на кое граѓаните со месеци не добиваат одговор за најпознатиот македонски криминалец?

Можеби затоа што Мицкоски не го сака враќањето на Груевски, затоа што знае дека тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ.

Веќе ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети направи личен фан-клуб, во страв од враќањето на неговиот ментор.

Очогледно стаува збор за свесна и намерна заштита на Никола Груевски човекот кој стана симбол на криминалот, корупцијата и заробената држава.

Можеби ќе ве интересира

Македонија старее: Што ќе се случи кога селата ќе останат без луѓе?

ДЕСК

Ноќна акција кај Градски парк: Во „БМВ“ пронајдена марихуана, возачот нападнал полицаец

ДЕСК

СДСМ: 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

ДЕСК