Centar.mk
СВЕТ

Пожар на товарен брод во Хамбург, осуммина тешко повредени

Осум лица, меѓу кои и еден пожарникар, се тешко повредени во пожар што избувна вчера попладне на товарен брод на пристаништето Гревенхофкај во пристаништето во Хамбург, соопшти противпожарната служба на северниот германски град.

Пожарот избувнал во товарниот простор на бродот долг приближно 90 метри.

Кога првите служби за итни случаи пристигнале на местото на пожарот, од крмата на бродот се кревал чад. Дотогаш, екипажот веќе почнал да ги гаси пламените јазици, а околу 80 членови на службите за итни случаи биле на местото на настанот околу три часа, според локалната противпожарна служба, пренесува „ХИНА“.

Пожарникарите го изгаснале пожарот, вода, меѓу другото, била донесена од противпожарен чамец, додека нуркачите им пружиле поддршка на службите.

По интервенцијата, пожарникарите го предале местото на настанот на германската полиција, која ја истражува причината за пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗАСТАНА ЗАД АЈЗЕНКОТ – За влада сè уште недостига мнозинство

ДЕСК

КАТАР ГЛЕДА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР – САД и Иран разгледуваат нови предлози

ДЕСК

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК