Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата интервенираше на Гинекологија: Малолетничка донесена со породилни болки, мајката приведена

На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.

Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК