Centar.mk
фото Фејсбук страница на МВР
МАКЕДОНИЈА

Успешна спасувачка акција на Кораб, извлечен и хоспитализиран повреден планинар

На 23.05.2026 во Центарот за управување со кризи била примема пријава од А.М. дека на планината Кораб, во близина на Корабскиот водопад, општина Маврово-Ростуше, неговиот колега планинар А.С.(33) од Скопје доживеал несреќа, при што се здобил со скршеница на колкот и повреди на ногата. Поради непристапниот терен на надморска височина од околу 1.900 метри формирана е спасувачка екипа од претставници на Националниот парк „Маврово“, Итната медицинска помош и полициски службеници од Полициското одделение Маврово кој во 15:50 часот се упатила кон теренот од село Жужње.

Во 23:10 часот, повредениот А.С. бил успешно спуштен во селото Жужње, од каде е пренесен во болницата во Гостивар за понатамошно лекување.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК