Министерството за образование и наука го честита 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.
Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата.
Продолжувајќи ја нивната мисија, наша обврска е да градиме силен образовен систем што ќе создава генерации со знаење, критичко размислување, креативност и чувство на заедништво. Да го почитуваме сопственото наследство, но и да бидеме отворени кон другите култури. Да втемелиме општество засновано на доверба, солидарност и соработка.
Сегашните учители имаат исклучително важна улога – да воспитуваат и образуваат млади луѓе кои ќе умеат да размислуваат самостојно, да препознаваат вистински вредности и да не подлегнуваат на дезинформации, стереотипи и манипулации. Со системска поддршка, квалитетно образование и активна вклученост на родителите, нашите млади можат да израснат во граѓани подготвени да обликуваат подобра иднина за себе и за целата држава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


