Centar.mk
фото Собрание
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Рим со честитка за 24 Мај: Делото на Кирил и Методиј е наша трајна обврска

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, пратеник на СДСМ:

Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј!

Со длабока почит кон делото на светите браќа, денес се потсетуваме на нивната историска мисија — писменоста, просветителството и духовноста што ги обединија словенските народи.

Во Рим, пред плочата во базиликата „Санта Марија Маџоре“, оддадовме почит на нивното бесмртно дело, кое и денес останува темел на нашата културна и духовна традиција.

Нивното наследство е наша обврска — да го чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК