Centar.mk
фото Кабинет на Претседател / 19.05.2026
-МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Почитувани сограѓани Власи,

Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.

Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.

Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.

Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?

Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле!

Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!

Можеби ќе ве интересира

Тепачка во Центар по полноќ: Двајца млади скопјани завршија во полициски билтен

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на влашката заедница

ДЕСК

Камионот ја пробил оградата и преминал во спротивна лента: Побаран притвор за возачот по трагедијата кај Мирковци

ДЕСК