Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава

Социјалното менторство за вработување и работно интегрирање на корисници на гарантирана минимална помош се спроведуваше во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани и во Виница.

Втората генерација социјални ментори за работна интеграција беше сертифицирана денес после едногодишната работа со корисници на социјална помош на кои им овозможуваа поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочуваа кон пазарот на труд и ги поддржуваа во процесот на вработување.

Вкупно 53 лица беа вработени во текот на минатата година, на 67 им беа подобрени вештините за вработување, додека 83% од вработените се задржале на работните места. Најголемиот дел од вработувањата се реализирани во приватниот сектор (86,6%), додека вработувањата во граѓанскиот сектор и самовработувањето се еднакво застапени со 5,7% од вработените менторирани лица. Најмалку вработувања имало во јавниот сектор (1,9%).

Најголемиот број од менторираните лица што не се вклучиле на пазарот на труд биле спречени поради недостаток на сервиси за грижа за деца, стари лица и лица со попречености, како и поради отсуство на транспорт до местата каде што живеат.

Социјалното менторство за вработување и работно интегрирање на корисници на гарантирана минимална помош се спроведуваше во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани и во Виница.

Во различни делови на Македонија се соочивме со различни искуства. Исклучително беше важна поддршката на водителите на случај од Центрите за социјална работа како партнери на социјалните ментори. Тие го спроведоа процесот на мапирање на лица кои што беа вклучени во менторскиот процес и имаа исклучително тешка задача – да ги препознаат поединците на кои што навистина им значи да бидат дел од пазарот на труд – рече Климентина Илијевски, тим лидерка на проектот за активација на корисници на социјална помош и извршна директорка на „Паблик“.

Таа објасни дека има корисници кои што се болни и измемоштени и навистина не можат да работат, има лица во чии средини нема развиена економија на грижа и нема кој да се грижи за нивните деца, стари лица, лица со попречености, но и дека има значаен дел од корисниците на социјална помош кои што се активни на црниот пазар на труд и се чувствуваат комфорно со статусот на корисник на гарантирана минимална помош (ГМП) поради бројните други бенефиции што им го овозможува овој статус.

На водителите на случај им беа доделени благодарници за поддршката во процесот на социјално менторирање, коишто им ги врачи министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани кој што ги додели и сертификатите на социјалните ментори.

Социјалните ментори имаат важна улога – да бидат поддршка, водич и мост помеѓу институциите и корисниците, со цел полесна интеграција на пазарот на труд и поголема социјална вклученост.Овој процес не претставува само формално признание за нивната посветеност и стекнато знаење, туку и потврда дека вложуваме во луѓе кои директно ќе придонесат за поголема вклученост, поддршка и мотивација на најранливите категории граѓани – рече Лимани.

Тој додаде и дека особено е важно што преку овој пилот проект се создадоа нови практики и механизми за индивидуален пристап кон корисниците, согласно нивните реални потреби и потенцијали.

Настанот се реализираше во рамки на проектот „Социјално менторство за активирање на пазарот на труд на корисниците на Гарантирана минимална помош“, кој го спроведува „Паблик“, во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади.

фото Паблик (Public.org.mk)

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

ДЕСК

Гаши се сретна со Папата: Реафирмирани историските и духовните врски со Ватикан

ДЕСК

Поништена набавката за електрични автобуси и полначи

ДЕСК