Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни – рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда.

9 дена до уште едно неисполнето ветување.

9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно.

Сега, за неколку дена требаше да се завршат осум.

Тоа не е реформа. Тоа е лага.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.

Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги внесе малцинствата во Уставот.

Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална група.

Наместо европски пат, тој нè води во изолација.

Наместо реформи – нови лаги и нови одложувања.

Уште 9 дена се доволни за да се види вистината: Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК