Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди.
Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност.

„Беше оценет досегашниот напредок и континуираната соработка со европските институции, при што беше нагласена важноста на праведен, предвидлив и на заслуги заснован процес на патот кон полноправно членство во Европската Унија“, се наведува во неговата изјава.

Сали исто така ја потенцираше важноста на регионалната соработка и постепената интеграција во Заедничкиот европски пазар, оценувајќи ги како клучни елементи за стабилност, економски развој и безбедност во регионот.

фото Кабинет на министерот за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 32°C: Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола и еден под дејство на алкохол

ДЕСК