Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека се подготвува пакет мерки за пензионерите што ќе им значи многу, особено на посиромашните.
Вучиќ најави дека нивните џебови ќе бидат значително пополни за краток временски период, јавуваат српските медиуми.
„Џебовите на пензионерите ќе бидат значително пополни. Луѓето знаат дека кога го кажувам тоа, тоа е вистина. Никогаш не сум лажел, а тоа ќе се случи во следните три месеци“, рече тој.
Како што вели, Србија го обезбедува ова зголемување од реални приходи.
„Не ни требаат задолжувања за тоа, потребни се задолжувања, на пример, за некое оружје. Многу земји од ЕУ се многу позадолжени од нас. Нашата стапка на задолженост е двојно пониска од нивната“, рекол Вучиќ.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


