За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во четврток повторно за очекуваат врнежи.
Прогноза за 24.05.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 30°C
Претпладне сончево, попладне променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Прогноза за 25.05.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 31°C
Претежно сончево и топло. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 26.05.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 32°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


