Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Не излегувајте без чадор: Попладне невреме во делови од Македонија, некаде ќе паѓа и град

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 29 степени.

Најсвежо ќе биде во западните и повисоките места, каде температурите ќе бидат околу 15 до 22 степени, додека најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата, каде дневната температура ќе се искачи до 29 степени.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК