Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО им мачка очи на граѓаните со манипулација, требаше да добиеме 200 милиони евра од ЕУ

Објава на Венко Филипче на X:

„ Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО. Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи. Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата. Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации. Црна Гора (44,2 милиони €) за истражување и иновации. Ова е само една транша од многу, а ние требаше да добиеме многу повеќе (околу 200 милиони €) Парите се performance-based – добиваш колку што ќе направиш во конкретната област. ВМРО со ова им ги мачка очите на граѓаните за да не признаат дека најважните реформи (владеење на правото, борба против корупција, судство) стојат во место. Ова не е знак за успех во реформите, туку знак дека реализирале само неколку проекти во одредена област. Следната транша може да биде значително помала, или воопшто да ја нема, доколку не започнат со сериозни промени.„

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС

ДЕСК

Познат идентитетот на дел од загинатите – МВР со детали за трагедијата

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

ДЕСК