Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Скандал е да протекувањето информации, и Стоилковиќ е соработник на српските служби и „Ноќните волци“ на Путин, тоа е концептот на власта

Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби.

„Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку на ниво на скандал и тука луѓе треба да преземат одговорност вклучувајќи ја и претседателката. Но, тоа мене не ме изненадува. Ние имаме вицепремиер, соработник на српските служби Стоилковиќ, кој има комуникација со „Ноќните волци“,блиски на Путин. Тој на дневна основа вади информации надвор од земјава. Така да се е тоа ова владеење, се е тоа концептот на оваа власт.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК