Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Спречен обид за илегален премин кон Грција: Приведен гостиварец кој им помагал на пет турски државјани

На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода маж(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје.

Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и мажот од готстивар, кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските државјани се сместени во прифатен центар. По консултација со јавен обвинител, мажот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 211 од Законот за странци – „помагање на странец при недозволен излез“.

Можеби ќе ве интересира

Приведен жител на Старо Нагоричане: Усмртил куче во својот кокошарник

ДЕСК

Апсења на различни локации низ Скопје

ДЕСК

“Паднаа” двајца полицајци на интервентна – осомничени се дека натепале уапсен, повреден е

ДЕСК