Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

“Паднаа” двајца полицајци на интервентна – осомничени се дека натепале уапсен, повреден е

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против две лица поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење на службени дејствија, употребиле прекумерна физичка сила и нанеле повреди на лице лишено од слобода. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК