Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на групата Г7 во Париз, Германија предупреди за тешките економски последици што би биле предизвикани од војна во Иран и можната блокада на Ормускиот теснец. Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил изјави во пресрет на неговото патување во Париз дека војната е „сериозна закана за глобалната економија“ што предизвикува огромна штета на економскиот развој.
Тој нагласи дека мора да се направи сè за трајно да заврши конфликтот, да се стабилизира регионот и да се обезбедат слободни морски патишта.
„Во исто време, нашиот пат како Европејци е јасен: ние даваме приоритет на соработката, а не на конфронтацијата“, рече Клингбаил, како што објави германската агенција „ДПА“.
Се очекува учесниците на состанокот на министрите за финансии на Г7, кој започнува денес, да се фокусираат на економското влијание на конфликтот на Блискиот Исток и можните последици за светската трговија. Ормутскиот теснец е сè уште еден од најважните поморски патишта во светот за трговија со нафта и гас.
Покрај министрите на Г7, во разговорите во Париз ќе учествуваат и министрите за финансии на Бразил, Индија, Јужна Кореја и Кенија. Клингбеил, исто така, истакна дека сегашните кризи покажуваат колку е важно Германија и Европа да станат „понезависни и поотпорни“, особено во однос на суровините, енергијата и синџирите на снабдување./Извор:Makfax


