Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот слободен медиум„Нова.рс“ најави дека Законот за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и слободата на медиумите че бидат првите задачи на иднината Влада.
„Законот за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и слободата на медиумите – тоа ќе бидат првите задачи на идната влада. Влада која ќе работи во интерес на Македонија и нејзините граѓани, а не на странски служби и туѓи држави. “ вели Филипче.
Законот е основа за голем граѓански фронт кој ги обединува сите проевропски парии во Македонија, додава преседателот на СДСМ.
„Претставуваме нов закон кој ќе биде основа за еден голем граѓански фронт. Тој закон ги обединува сите проевропски и независни партии во Македонија. Покрај партиите, имаме и голем број луѓе кои се приклучија во оваа борба против организираната криминална група ВМРО – млади, поединци, експерти, невладин сектор…Станува збор за закон за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата, по примерот на естонскиот модел. Естонија беше земја слична на нас, која во посткомунистичкиот период се бореше со криминал и корупција, исто како што ние се бориме денес. Ако моделот успеал кај нив, и ако од земја која била меѓу последните на листите денес важи за една од најдобрите – тогаш може да успее и кај нас.“ вели Филипче.
Во интервјуто за еден од слободните медиуми во Србија Филипче потенцираше дека во изминатите две години во македонија повторно е урнат напредокот во медиумските слободи и институциите.
„Што се однесува до медиумите, доволно е да се погледне каде беше Македонија на листите за медиумски слободи во времето на Груевски, а каде за време на владата на СДСМ. Ние барем не мораме да зборуваме за тоа. Еве, за само две години ВМРО повторно успеа да го урне тој напредок. Секако, за нас слободата на медиумите е еден од приоритетите. Затоа првата работа ќе биде ослободување на медиумите веднаш по победата на следните избори.“ вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју за Нова.рс.


