Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки, секоја следна е помала, првиот падна, сега се на ред овие двајца

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс“, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски.

„Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно“, вели Филипче.

Тој оценува дека постои целосен „copy-paste“ во политиките и реториката на ВМРО и власта на СНС во Србија, особено во однос на поделбите на „патриоти“ и „предавници“, како и во однос на кампањите против ЕУ и контролата над медиумите.

„Иста реторика околу ЕУ: ‘може, но достоинствено’, ‘нема да дозволиме да ни го загрозат идентитетот’, ‘нема да отстапиме ниту милиметар’“, посочува Филипче.

Во интервјуто тој зборува и за влијанието на Орбан врз медиумскиот простор во Македонија, посочувајќи ги извештаите на OCCRP и BIRN.

„Петер Шац и Агнеш Адамик контролираат околу 40% од медиумскиот пазар во Македонија. Тоа е директна врска со Орбан“, потенцира Филипче.

Тој додава дека постојат конкретни докази и кривични пријави поврзани со финансирање медиуми преку, лажни маркетинг кампањи со пари кои доаѓале од Унгарија преку Словенија.

Филипче говори и за заемот од една милијарда евра од Унгарија, кој е поврзан со кинески пари и нетранспарентни договори.

„Истата година кога Мицкоски зема кредит од Унгарија во ист износ, Унгарија земала пари од China Development Bank, Export-Import Bank of China и Bank of China“, истакнува тој.

Новата унгарска влада на Петер Маѓар веќе отвора истраги за овие договори, а СДСМ бара такви истраги и во Македонија.

Тој најавува дека идната влада на СДСМ ќе отвори ревизија на сите спорни договори поврзани со унгарските кредити, телекомуникациските лиценци и Алта банка.

„Сѐ ќе биде прегледано. Сите сомнителни трансакции, кредити, лиценци и медиумски врски – ништо нема да остане под тепих“, порача Филипче.

Во интервјуто Филипче зборува и за Законот за нулта толеранција за криминал и корупција, по естонски модел.

„Законот за нулта толеранција за криминал и корупција и слободата на медиумите ќе бидат првите задачи на идната влада“, вели претседателот на СДСМ.

Филипче одговара и на обвинувањата од ВМРО дека „СДСМ ја криминализира секоја соработка со Србија и Унгарија„.

„Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки. Секоја следна е помала. Првиот падна, сега се на ред овие двајца. за да не испадне дека директно не одговорив на обвинувањата: организираната криминална група нè обвинува дека ја криминализираме секоја нивна соработка? Ќе ви кажам две работи. Прво: Не знам дали некаде во светот постојат сестрински партии преку чија граница поминуваат пет тони дрога, додека тие целосно управуваат со полицијата, царината, обвинителството и судството, а никој да не одговара. Веројатно такво нешто имало во Венецуела. “, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за „Нова.рс.“.

Можеби ќе ве интересира

Објавена нова листа на должници – еве кој колку должи за данок

ДЕСК

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

ДЕСК