Centar.mk
СВЕТ

Кинескиот лидер го предупреди Трамп: Тајван е најважното прашање во нашите односи

Кинескиот лидер Ши Џинпинг го покрена чувствителното прашање за Тајван за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „најважното прашање“ во односите меѓу двете земји, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Според Ши, правилното справување со прашањето ја обезбедува стабилноста на односите меѓу Кина и САД.

„Сепак, ако не се справи правилно, двете земји би можеле да се судрат или дури и да дојдат во конфликт, што би ги ставило сите односи меѓу Кина и САД во многу опасна ситуација“, рече Ши, како што објави Синхуа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

C +

Куба остана без дизел и нафта за греење, струја нема до 20 часа на ден

C +

Валш: Поскапите авионски билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на цените на горивата

C +