Centar.mk
-МОЗАИК

Совет од нутриционистот Дрвошански: Магнезиум цитрат за здраво срце и активни мускули

Во последниве години, кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за смртност, како глобално така и во Македонија. Стручњаците предупредуваат дека современиот начин на живот, исполнет со стрес, неправилна исхрана и недоволна физичка активност сериозно влијае врз здравјето на срцето и крвните садови.

Високиот крвен притисок, срцевите аритмии и хроничниот замор сè почесто се дијагностицираат и кај помлади лица. Според кардиолозите, овие состојби најчесто се развиваат постепено, како резултат на долгорочни фактори на ризик, меѓу кои се вбројуваат генетиката, прекумерниот внес на сол, дебелината, но и недостатокот на одредени микроелементи.

Една од причините е и недоволното внесување на магнезиум минерал кој има важна улога за функцијата на срцевиот мускул, регулацијата на крвниот притисок и преносот на нервните импулси. 

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот. Неговото оптимално ниво е значајно за стабилен срцев ритам и нормална васкуларна функција“, посочува нутриционистот Сашко Дрвошански. Тој истакнува дека бројни истражувања укажуваат дека дури и умерениот недостаток на магнезиум може да придонесе за зголемен крвен притисок, мускулна напнатост и чувство на замор. Но и дека недостатокот на магнезиум не е единствената причина за кардиоваскуларни проблеми, туку дел од поширока слика која вклучува повеќе ризик-фактори.

Експертите посебно истакнуваат дека потребните количини на магнезиум денес тешко се обезбедуваат преку исхраната поради осиромашената и загадената почва, и модерното земјоделско производство кое употребува премногу вештачки додатоци. Тоа не значи исклучување од исхраната на зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, мешунки и интегрални житарки, но и дека повеќе од неопходни се додатоците во исхраната.

Во однос на суплементите, нутриционистите посочуваат дека различните форми на магнезиум имаат различна искористливост во организмот. Органските форми, како магнезиум цитрат, обично подобро се апсорбираат во споредба со некои неоргански форми. Македонската компанија Натура Терапи нуди на пазарот ваков квалитетен производ Магнезиум цитрат, произведен по германски стандарди.

 

Грижата за срцевото здравје не треба да започне со појава на првите симптоми. Редовните превентивни прегледи, контролата на крвниот притисок, здравата исхрана, употребата на додатоци во исхраната и физичката активност остануваат клучни чекори за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Потребно е комбинација од здрави навики, превенција и информирани одлуки кои долгорочно го штитат срцето.

 

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +