Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“.

Во изјавата за медиуми, Филипче порача дека денеска, на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, Македонија можеше да има многу повеќе причини за славење, но за жал државата ја води Мицкоски и неговата организирана криминална.

„Денес го славиме денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме. Еве на пример како Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата, преговорите и која што догодина ќе стане земја членка на Европската Унија“, рече Филипче.

Тој додаде организираната криминална група на чело со Христијан Мицкоски, ја држи државата изолирана и далеку од европските вредности и реформи.

„За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани. За жал, земјава ја претворија во Венецуела на Балканот“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +