Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ЕВН Македонија со волонтерска акција за почист Вардар

ЕВН Македонија повторно зеде активно учество во големата волонтерска еколошка акција „Генералка викенд 2026“, следејќи ја својата долгорочна стратешка визија за заштита на животната средина.

Повеќе од 120 вработени, на чело со членовите на Управниот одбор и управителите на компаниите кои се дел од Групацијата ЕВН во Македонија, дел од работниот ден го посветија на еколошката акција за чистење на брегот на реката Вардар.

 

Одговорниот однос кон животната средина и одржливиот развој се составен дел од долгорочната визија на ЕВН Македонија. Преку конкретни активности и партнерства, континуирано вложуваме во создавање поодржлива енергетска иднина, водејќи се од принципите на еколошка и општествена одговорност. Ваквите иницијативи имаат особено значење бидејќи ја потврдуваат заедничката заложба – и на компанијата и на вработените – активно да придонесуваат кон почиста, поздрава и поквалитетна животна средина.“ – изјави Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер.

 

Години наназад ЕВН Македонија континуирано спроведува разновидни волонтерски акции. Во рамки на програмата „ЕВН волонтира“, досега се реализирани над 60 акции со околу 1000 волонтери. Оваа е шеста година по ред како вработените на оваа компанија активно учествуваат во „Генералка викенд“. 

Можеби ќе ве интересира

Зошто ЕСМ се жали ако направиле профит од 40 милиони евра и заштеда од 880 милиони евра?

ДЕСК

Документ што сите го забораваат пред одмор: Една проверка може да ве врати од граница

ДЕСК

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК