Centar.mk
СВЕТ

Иран им порача на САД: Ќе прифатиме само фер и сеопфатен договор

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес во Пекинг изјави дека Техеран ќе прифати само „фер и сеопфатен договор“ со Соединетите Американски Држави.

Според иранските медиуми, Арагчи, за време на средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, истакнал дека Иран ја цени позицијата на Пекинг, опишувајќи ја Кина како „близок пријател“.

Арагчи, за кого ова е прва посета на Кина од почетокот на војната, додаде дека билатералната соработка ќе биде уште посилна во сегашните околности.

Кина постојано апелираше до Вашингтон и Техеран да одржат прекин на огнот и да ги укинат ограничувањата во Ормускиот теснец.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно му оддаде признание на Пекинг за помошта во вклучувањето на Иран на мировните преговори минатиот месец во Пакистан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина или НАТО од Белорусија

C +

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

C +

Маж почина по напад од ајкула на островот Ротнест во Западна Австралија

C +