Centar.mk
СВЕТ

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина

Најмалку три лица загинаа во синоќешните руски напади врз украинските региони Сумски и Дњепропетровск.

При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија.

– Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм началникот на регионалната воена администрација, Олександр Ганџа.

Тој додаде дека „непријателот гранатираше четири области со беспилотни летала и артилерија“.

По руските напади пожар избил и во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кривој Рог./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ – Незадоволството се шири низ Европа

ДЕСК

РУСКИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ – Уредништвото зборува за притисоци

ДЕСК

ШПАНИЈА ПРЕД НОВИ ТЕШКИ ПРАШАЊА – Меѓу жртвите и повредените може да има државјани на 27 земји

ДЕСК