Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Голем пожар во скопски Карпош утринава, изгореа два автомобили

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти.

Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис.

Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле паркирани десетици автомобили, што дополнително ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле.

Жителите од околината изразуваат сомнеж дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините. Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК