Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

УАПСЕНА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Возела без возачка дозвола, возилото одземено

На 24.04.2026 во 22:50 часот на влез во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Ц.С.(30) од село Удово, валандовско.

При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.С., при што било констатирано дека таа го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК