Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца градежни работници се транспортирани на Ургентен: двајца имаат полесни повреди, еден скршеници

Двајца градежни работници се со полесни телесни повреди, а третиот е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, извести Ургнетниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, се наведува во соопштението на Ургнетниот центар.

Претходно МВР извести дека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +