Centar.mk
фото: Кабинет на министерот за европски прашања
МАКЕДОНИЈА

Првиот заменик на претседателот на Владата Беким Сали оствари средба со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, г. Беким Сали, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Република Северна Македонија, г. Бјорн Габриел.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, енергетиката, животната средина и поддршката за малите и средни претпријатија.

Заменик-претседателот на Владата Сали ја истакна важноста на ЕИБ како клучен партнер во унапредувањето на економскиот развој и поддршката на реформската и интегративна агенда на земјата кон Европската Унија.

Од своја страна, претставникот на ЕИБ, Габриел, ја потврди подготвеноста на Банката да продолжи со поддршката и да го прошири партнерството преку стратешки проекти кои придонесуваат за одржлив развој на земјата.

фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК