Centar.mk
СВЕТ

Иран постепено го отвора воздушниот простор и го нормализира авионскиот сообраќај

Иран постепено го отвора својот воздушен простор и го нормализира авионскиот сообраќај по неодамнешните ограничувања. Во понеделник за сообраќај беа отворени аеродромите во главниот град Техеран, а од сабота се обновуваат и летовите меѓу Техеран и градот Машхад на североистокот на земјата.

Станува збор за дел од четирифазен план за враќање во нормала, кој започнал на 18 април, пренесуваат Тасним, Ал Џезира и ИСНА.

Иранската организација за цивилно воздухопловство официјално потврди дека повторно се отворени аеродромите Имам Хомеини и Мехрабад.

„Дозволата за патнички летови од Меѓународниот аеродром Имам Хомеини и аеродромот Мехрабад е издадена од понеделник“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека „патнички летови од десет аеродроми низ Иран ќе бидат возможни од сабота“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК