Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЗАЛАДУВАЊЕ: Дожд и пад на температурите низ земјата

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од околу 0 до 9 степени, при што најстудено ќе биде во западните региони, каде температурите на некои места ќе се спуштат до околу нула степени. Во текот на денот, температурите ќе достигнат од 10 до 16 степени, со нешто повисоки вредности во југоисточните делови.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК