Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

На ВМРО-ДПМНЕ му е сосема јасно дека СДС мора да шири лаги и манипулации, врз основа на тоа постојат, но заради транспарентност и отчетност на граѓаните, и со оглед на тоа дека СДС се уште е најголема опозиција во Македонија мораме да ги разобличиме лагите.

Прво, не ВМРО-ДПМНЕ, туку ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови.

Второ, убедливо најниски цени во регионот и Европа за горива, има Македонија.

Трето, во времето на СДС и ДУИ, цените за горивата беа над 110 денари и воедно беа и едни од највисоките во регионот и пошироко.

Четврто, платите во тоа време се зголемуваа за 5%, додека инфлацијата беше 14%. Денес, платите се зголемуваат за околу 10-15% годишно во сите сфери од јавниот сектор, додека инфлацијата е околу 3%.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во однос на економијата е огромна. ВМРО-ДПМНЕ го штити стандардот на граѓаните, ги зголемува платите и го полни Буџетот, а СДС ги краде и граѓаните и Буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ЗНАМ СЕ ЗАКАНИ СО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ВЛАДАТА – Димитриевски постави услов за правосудниот испит

ДЕСК

ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Дожд, облаци и утрински температури до минус 2 степени, еве што нè очекува

ДЕСК

МИТРОВДЕН ПРИСТИГНА, А СО НЕГО И СТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ОБИЧАИ – Што верувале нашите предци и зошто овој ден бил толку важен?

ДЕСК