Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите кои од денес патуваат преку Плетвар – Каква е состојбата на патиштата?

На 20.04.2026 година ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци, извести АМСМ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа

ДЕСК