Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m².

Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата.

Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Прогноза за 22.04.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 23.04.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 19°C

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.04.2026
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК