Centar.mk
СВЕТ

Кина повика на смирување на тензиите по американското пресретнување на ирански брод

Кина изрази загриженост поради „присилното пресретнување“ на ирански товарен брод од страна на САД, изјави во понеделникот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ги сите страни одговорно да го почитуваат договорот за прекин на огнот.

– Ситуацијата во Ормускиот теснец е чувствителна и комплексна – изјави портпаролот Гуо Џиакун на редовната прес-конференција. Тој додаде дека сите вклучени страни треба да избегнат понатамошна ескалација и „да создадат потребни услови за нормален транзит низ теснецот“.

Соединетите Американски Држави претходно објавија дека собориле и заплениле ирански товарен брод кој, како што велат, се обидел да ја пробие блокадата на иранските пристаништа. Иранската војска тврди дека бродот испловил од Кина и најави одмазда, нарекувајќи го тоа „вооружено пиратство од страна на американската војска“.

Пекинг, исто така, ги повика релевантните страни да „продолжат да го одржуваат моментумот на прекинот на огнот и преговорите“.

„Сега кога се отвори прозорецот за мир, треба да се создадат поволни услови за што е можно поскоро завршување на војната“, рече Гуо./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +