Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СКОПЈЕ–КОЗЈАК – „Голф“ удрил во 61-годишен пешак

На 28.11.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен жител на с.Батинци, скопско, удрило во 61-годишен жител на с.Црн врв, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ – Петмина приведени во главниот град

ДЕСК

ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ СКОПЈАНЕЦ – Јавен обвинител нареди обдукција

ДЕСК

Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат, велат од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК