Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме во денешниот ден?

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Според прогнозата, температурите ќе се движат во широк интервал низ земјата. Во Скопје и централните делови минималната температура ќе изнесува околу 11 степени, додека максималната ќе достигне до 23 степени. Во источните региони температурите ќе се движат од 10 до 18 степени, додека во југоисточниот дел од земјата ќе бидат пониски и ќе се движат од 7 до 17 степени.

Во западните делови се очекуваат температури од 7 до 14 степени, додека во југозападниот регион ќе достигнат од 8 до 19 степени. Во Пелагонија минималната температура ќе биде околу 10 степени, а максималната до 20 степени.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

ДЕСК

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК