Centar.mk
СВЕТ

Кина го повика Иран да го отвори Ормускиот теснец

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да работи на враќање на нормалната пловидба низ Ормускиот теснец.

Ванг нагласи дека суверенитетот и безбедноста на Иран во теснецот мора да се почитуваат, но во исто време, слободата и безбедноста на пловидбата за сите мора да бидат гарантирани.

„Во заеднички интерес е теснецот да остане отворен“, рече кинескиот министер, додавајќи дека Кина поддржува прекин на огнот и продолжување на преговорите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

C +

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +