Centar.mk
СВЕТ

Израелската армија: Елиминиравме терористи и најдовме складиште за оружје на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле скриено оружје што му припаѓало на Хезболах по нападот во јужен Либан.

Во соопштение на својот Телеграм канал, ИДФ соопшти дека идентификувале и спречиле два обиди на терористички ќелии да извршат напади врз израелски војници.

„Во напад со беспилотно летало и заедничка операција на израелските воздухопловни сили, терористите беа погодени и елиминирани“, се додава во соопштението.

Пронајдено оружје и складиште

Војниците, исто така, пронајдоа голема количина оружје на местото на настанот.

Според соопштението на ИДФ, таму имало бројно оружје, вклучувајќи автоматски пушки „Калашников“, противтенковски ракети, рачни ракетни фрлачи и подземно скриено оружје што содржело минофрлачки гранати./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +