Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Татко прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син во викендица при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува, соопшти Јавното Обвинителство

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ФАЗА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ – Прегледани 24 пациенти, извршени 16 операции

ДЕСК

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

ДЕСК

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

ДЕСК