Centar.mk
Христијан Мицкоски на прес конференција во седиштето на Владата, 11 април 2026 / фото: Влада на Република Северна Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави:

„Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен висок функционер и тука не треба да има никаква дилема, никој. Барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата.

Но, она коешто загрижува е фактот дека од опозицијата сеуште не ја научија лекцијата. И сеуште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат и планираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата.

Понатаму, исто така очекувам од истата оваа опозиција да биде вака критички и да се однесува вака критички како што сега се однесува, кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони.

Имам чувство, не велам дека имам информации, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност.“

Можеби ќе ве интересира

Прегазено седумгодишно дете во Кочани

ДЕСК

Тешка сообрќаајка близу граничниот премин Ново Село – има повредени

ДЕСК

Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор – вистината е како шило

ДЕСК