Centar.mk
СВЕТ

Трамп најави блокада: САД ќе запираат бродови поврзани со иранските пристаништа

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека од денеска во 16 часот ќе блокираат бродови кои „влегуваат или излегуваат“ од иранските пристаништа.

Американскиот претседател претходно соопшти дека морнарицата ќе започне постапка за блокада на „сите бродови“ кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец.

Од Централната команда на САД соопштија дека блокадата ќе се спроведува „непристрасно кон бродови од сите држави“, но ќе остане дозволен премин за бродови кои пловат меѓу пристаништа што не се во Иран, низ теснецот преку кој минува околу една петтина од светската нафта.

Одлуката на Трамп следува откако преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, одржани во Пакистан во саботата, завршиле без договор по 21 час разговори./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Тој сè уште не го кажал последниот збор во политиката“ – Додиќ се огласи по поразот на Орбан

ДЕСК

Мерц предупредува: Војната со Иран ќе има долготрајни економски последици

C +

Кина повикува на воздржаност по заканата на Трамп

C +