Соопштение на СДСМ:
Со падот на режимот на Орбан во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски.
Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси.
Медиумска империја:
Скоро 40% од медиумскиот простор во Македонија е под директна контрола на луѓе на Орбан. Преку своите блиски бизнисмени (Петер Шац и Агнеш Адамик) Орбан купи и контролира огромен број медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. Тие се пропагандна машина во Македонија.
Телекомуникации:
Компанијата на Орбан 4iG доби лиценца за трет мобилен оператор во Македонија (One Macedonia). Со оваа лиценца влегоа во 5G мрежата и добија можност да ги поврзат медиумите, платформите и инфраструктурата во единствена контрола, точно како што Орбан го правеше во Унгарија а Вучиќ го прави во Србија.
Енергетика и инфраструктура:
Преку тајни договори и посредници, Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Овие проекти беа дел од пошироката стратегија за економско влијание на Балканот.
Ви бизнисот во енергетиката, последно преку фирма „Статус Енерџи “, ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT дел од Status Energy Private Equity Fund која е поврзана со Виктор Орбан преку сопственичка структура што ја вклучува OPUS Global, компанија контролирана од Лоринц Месарош (Mészáros Lőrinc).
Кредити и пари:
Унгарија даде милијарда евра кредити (кинески пари) на Владата на Мицкоски под „пријателски“ услови кои ќе ни ги отплаќаат нашите внуци. Овие пари доаѓаа како дел од пакетот за политичка и медиумска поддршка.
Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на виделина. Сите овие договори мора да бидат детално истражени.
СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски.


