Centar.mk
СВЕТ

„Ќе се сеќавате на овие цени на бензинот“ – Иранците со порака

Иранските власти тврдат дека преговорите со САД биле блиску до договор, но дека процесот бил нарушен откако, според нив, Вашингтон поставил нови и построги услови. Министерот за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека разговорите, кои се одвивале во Пакистан, влегле во напредна фаза, но на крајот биле блокирани поради „максималистички барања“ од американска страна.

Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф остро реагираше на ситуацијата преку објава на социјалните мрежи, алудирајќи дека актуелните цени на горивата може да изгледаат ниски во споредба со она што следува. Тој предупреди дека потенцијалните ограничувања би можеле значително да го погодат глобалниот пазар на енергенси.

„Уживајте во сегашните цени на бензинот. Со оваа таканаречена „блокада“, наскоро со носталгија ќе гледате на гасот од 4-5 долари“, напиша тој.

Галибаф претходно порача дека Техеран нема намера да попушти под притисок или закани, нагласувајќи дека позицијата на Иран останува цврста.

Тензиите дополнително се зголемија по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста од блокада на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Како одговор, иранската морнарица предупреди дека секое воено присуство во близина на областа ќе биде третирано со сериозни мерки.

Можеби ќе ве интересира

„Тој сè уште не го кажал последниот збор во политиката“ – Додиќ се огласи по поразот на Орбан

ДЕСК

Мерц предупредува: Војната со Иран ќе има долготрајни економски последици

C +

Кина повикува на воздржаност по заканата на Трамп

C +