Дел од аналитичарите сметаат дека високиот одзив на денешните избори во Унгарија оди во прилог на Тиса, додека од друга страна, шефот на кабинетот на Орбан тврди дека ваквиот одѕив му користи на Фидес.
Според нив, досегашните анкети покажувале дека опозицијата успеала да го мобилизира целото свое гласачко тело, додека власта не, но актуелната излезност, велат, го покажува спротивното.
Орбан изјави дека „големата излезност е доказ дека ниту еден патриот нема да остане дома“.
Синоќа и Орбан и Маѓар ги одржаа своите завршни митинзи. Орбан во Будимпешта ги повтори своите веќе познати ставови, упатувајќи критики кон Зеленски и Украина и нагласувајќи дека Унгарија се наоѓа пред избор помеѓу сопствениот пат и влијанието на Брисел и Украина. Од друга страна, Маѓар истакна дека е неопходна промена на системот, борба против корупцијата и решавање на наталожените проблеми, потенцирајќи дека по 16 години е време за политички пресврт.
Последните Анкети покажуваат сериозна предност на опозициската Тиса со 51 отсто поддршка, додека партијата на Орбан, Фидес има 35 отсто.
Евентуален пад на Виктор Орбан ќе значат и тектонски промени на политичката сцена во регионален контекст, особени последици можни се и во нашите краишта.


