Centar.mk
НАУКА

(Видео) Астронаутите на „Артемис 2“ слетаа на Земјата

Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив.

Капсулата „Орион“ на НАСА полека се спушти во океанот во близина на калифорнискиот брег.

Астронаутите во изминатите десет дена двапати ја обиколија Земјата, а потоа и темната страна на Месечината во лет со вкупна должина од 1.117.515 километри.

Ова е првиот тест лет со екипаж во низа на мисии во програмата „Артемис“, чија цел е повторно да ги донесе астронаутите на површината на Месечината.

НАCА го пренесуваше слетувањето на „Орион“ во живо на своите веб-страници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Какво патување“, се првите зборови на астронаутите по слетувањето на Земјата

C +

Екипажот на „Артемис“ се спушта на Земјата вечерва: вселенското летало ќе се претвори во огнена топка

C +

Екипажот на мисијата „Артемис II“: Ќе ни недостига заедништвото

C +